Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖбoгар му порача на Вангеловски: Правото треба да важи за сите подеднакво

Жбoгар му порача на Вангеловски: Правото треба да важи за сите подеднакво

Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски разговарал за состојбата во судство во Македонија.

Засега ниту од делегацијата на ЕУ, ниту од Врховниот суд не соопштуваат детали од средбата, ниту пак се достапни за медиумите.
Во меѓувреме, евроамбасадорот Жбогар, на „Твитер“ соопшти дека правдата не треба да биде селективна.

„Со претседателот на Врховниот суд разговараме што сè треба да се направи за да се запре назадувањето во судството. Правото треба да важи за сите подеднакво“, твитна Жбогар.