Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖбогар ја реафирмираше поддршката на Брисел за Владата

Жбогар ја реафирмираше поддршката на Брисел за Владата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар. На состанокот била реафиримирана поддршката на Брисел за Владата.

Ставот што го пренел евроамбасадорот Жбогар е дека Брисел и земјите членки на Унијата сега гледаат можност за напредок на Македонија и се подготвени на принципиелно и експертско ниво да и помогнат на Македонија во реформскиот процес.

Во таа насока се разговарало за престојните реформи во делот на правосудниот систем, во делот на медиумите и воспоставувањето професионални државни институции.

На средбата бил поздравен исчекорот што го прави Владата на Република Македонија кон добрососедските односи, во духот на регионалната соработка којашто отвора евро-атлантски перспективи, а со тоа и стабилност и безбедност за целиот регион, соопшти владината прес-служба.