Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖбогар: Дијалогот да се одржува во самите институции на државата

Жбогар: Дијалогот да се одржува во самите институции на државата

Политичките прашања во земјава се во надлежност на нивните лидери- вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Дипломатите не можат да решаваат за политичките прашања во земјава. Тоа е во надлежност на нивните лидери- вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„Дијалогот треба да се одржува во самите институции на државата и тие треба да изградат авторитет. Во овој контекст мислам на Собранието, а дијалогот на политичките партии да се одржува токму таму“, изјави евроабмасадорот Жбогар, кој денеска е во посета на Штип.