Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗгреши ли БЕСА што не коалицираше со Заев?

Згреши ли БЕСА што не коалицираше со Заев?

Одлуката на БЕСА за да остане надвор од новата власт, според аналитичарите е легитимно право на оваа партија, но воедно и тактизирање во пресрет на локалните избори. Според екс – политичарот Сулејман Рушити, оваа одлука е штетна и по нивната партија, но и за општиот интерес.

„Тоа што се гледа е еден вид тактизирање за локалните избори, тактизирање кое ценам дека е штетно најнапред за самата таа партија, но и за интересот на општеството во целина, земајќи во предвид дека инсистирањето да се направи влада со мандатар Зоран Заев, доби поддршка од целиот меѓународен фактор, пријатели на Македонија и пријатели на Албанците.“ – изјави Сулејман Рушити

Според  политичкиот аналитичар, Исмет Рамадани, БЕСА има право да тактизира за локалните избори кои се ближат.

„Ние треба да го прифатиме фактот дека тие имале некоја причина поради која не учествуваат во Владата. Важно е да го цениме фактот дека за прв пат една политичка партија не прифаќа толку лесно да стане дел од Владата. Мислам дека тука има тактизирање, но имаат право како партија, ако проценат дека пред локалните избори можат да поентираат или пак да рашират позитивност кај електоратот.“ – вели Исмет Рамадани, политички аналитичар

Причината поради која не беше постигнат договор меѓу СДСМ и БЕСА се препиша на неподготвеноста на СДСМ да го потпише документот на партијата на Касам Билали. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов рече дека БЕСА побарала гаранции за трајноста на новата Влада и редефинирање на Македонија. Шилегов исто така рече дека неговата партија не го потпишала документот, бидејќи како што вели, невозможно е да се предвиди и гарантира колку може да биде векот на новата Влада. Од БЕСА, според Шилегов, не објасниле што реално подразбираат со барањето за редефинирање на државата.

Извор: alsatm.mk