Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗголемени резервите на злато во Кина за неверојатни 60 проценти

Зголемени резервите на злато во Кина за неверојатни 60 проценти

Централната банка во Пекинг објави податоци за порастот на резервите на злато во Кина. Според нив, златните резерви во последните шест години пораснале за дури 60 проценти.

Во април 2009 година, кинеските златни резерви изнесувале 1.054 тони. Девизините резерви на земјата, според службените податоци, изнесуваат 3,69 билиони долари, односно 3,39 билиони евра. Цената на златото последниве неколку месеци е намалена поради очекувањата на раст на каматните стапки во САД од страна на инвеститорите.

Според податоците на Светскиот совет за злато, неговата глобална побарувачка е намалена од минатата година за четири проценти, на што најмногу влијаел падот на побарувачката на накит.