Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЗголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини

Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини

Според информациите од АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен,

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, особено на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.