Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЗгодното тело на Бијонси инспирација за облакодер

Згодното тело на Бијонси инспирација за облакодер

Популарната пејачка Бијонси е инспирација за цела серија на комерцијални производи, од парфеми до модни додатоци, но нејзината совршена фигура ќе послужи и за неверојатен архитетонски проект.

beyonce ghost

Приватни инвеститори од Австралија добија одобрение од властите за изградба на заоблен облакодер со 64 спратови и висина од 226 метри чиј дизајн е инспириран од згодното тело и танцувањето на Бијонсе во спотот Ghost.

beyonce_skyscraper2

За новиот облакодер е ангажирано бирото за архитектура Elenberg Fraser со голем број на успешни проекти изведени во регионот на Азија и Пацификот. Погледнете го и вие спотот за Ghost и оценете дали архитектите навистина ја доловиле Бијонси.