HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗгасна велешки „Жито Вардар“ – еден од најголемите производители на леб и месо во земјава

Згасна велешки „Жито Вардар“ – еден од најголемите производители на леб и месо во земјава

Велешки Жито Вардар замина во историјата. Судот реши оваа компанија да биде избришана од трговскиот регистар. Одлуката за ликвидација на овој некогашен гигант во прехрамбената индустрија ја донесоа доверителите, на кои Жито Вардар им должи скоро 8 милиони евра – објави 24 Вести.

Половина милион евра повеќе вреди имотот на фабриката. Речиси целиот е под хипотека кај банките, кои најавија негова продажба. Сакаат да го продадат како целина, па најскоро стечајниот управник Ацо Петров ќе распише оглас.

„По извршената проценка на целокупниот движен и недвижен имот доверителите на собранието донесоа одлука предност за подмирување на обврските, според Законот, да имаат хипотекарните побарувачи.“- вели стечајниот управник Ацо Петров

Одлуката за ликвидација доаѓа откако во мај годинава Жито Вардар отиде во стечај и го доби Петров за стечаен управник. Стечајната постапка траеше само пет месеци и наместо консолидација, фирмата доби ликвидација. Велешки Жито Вардар беше еден од најголемите производители на леб, месо и други прехрамбени производи.

Во него работеа близу 900 работници, во живинарските и свињарските фарми низ земјата, како и во фабриката за добиточна храна во Градско. Од сопствените свињарски фарми, фабриката произведуваше половина од целокупното производство на свинско месо во земјава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com