Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЖенски труп изваден од водите на Вардар

Женски труп изваден од водите на Вардар

Вчера е пронајден женски труп кај реката Вардар, во близина на населбата Керамидница.

Во 13:45 часот, во ЕИК-Скопје, Б.А.(1992) од нас.Ќерамидница, пријавил дека по течението на реката Вардар, покрај левиот кеј забележал женски леш на возраст од околу 40-45 години, по што влегол во реката и го извадил.

Од доктор од екипа на итната медицинска помош констатирана е смрт.

На телото на починатата не се забележани траги на насилство. Увид на лице место извршиле ЈО и екипа од СВР-Скопје.

По наредба на ЈО, телото е предадено на обдукција.