HomeДЕНЕШНАСветЗемјотресот во Нов Зеланд однесе два човечки животи

Земјотресот во Нов Зеланд однесе два човечки животи

nov-zeland-zamjotres-most-696x447

Две лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,9 по Рихтер, кој во ноќта неделата кон понеделникот по локално време го погоди Нов Зеланд, изјави премиерот Џон Ки додавајќи дека испраќа воен хеликоптер во крајбрежното туристичко место Каикурa.

„Немаме никакви знаци во овој момент дека бројките (на жртвите -з.р.) ќе растат, но тоа не можеме да го исклучиме“, изјави новозеландскиот премиер Џон Ки за новинарите во главниот град Велингтон.

Воен хеликоптер е упатен во Каикурa, туристичко место кое се наоѓа во близина на епицентарот на потресот, кој е регистриран стотина километри во северна насока од Кристчерч.

Новозеландското министерство за цивилна заштита и вонредни ситуации на социјалните мрежи сподели предупредување на цунами, објавено по земјотресот, и тоа сé уште е на сила, и го предупреди населението да се држи подалеку од крајбрежјето.

Првиот бран на цунамито кое се јави по земјотресот и бил со височина од околу два метра ја заплисна областа во близина Каикура и Велингтон, а жителите се евакуираа на повисоките области.

Портпаролот на градската управа на Велингтон, Ричард Меклин изјави дека жителите од крајбрежните области се повлекуваат кон повисоките делови. Според него примени се извештаи за доста големи штети, особено на повисоките катови од повеќатниците, како и на мостовите и автопатите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com