HomeДЕНЕШНАСветЗемјотреси на Индиско-Пакистанската граница

Земјотреси на Индиско-Пакистанската граница

Земјотрес со магнитуда од 5.4 го погодил подрачјето на Индиско-Пакистанската граница, додека земјотрес со јачина од 5.7 магнитуда ја погодил полинезиската држава Тонго. Епицентарот на земјотресот изнесувал 117 километри источно од градот Минагора, на длабочина од 43.4 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Како што пренесуваат медиумите, земјотресот се почувствувал и во Пешавара, Гилгита, Чилас и Исламбад.

Покрај тоа, земјотрес со магнитуда 5.7 го погодил подрачјето оддалечено 268 километри јужно од градот Нукуалофа во полинезиската држава Тонго. За сега нема податоци околу евентуалните жртви и направените материјални штети, ниту е дадено предупредување за цунами. Земјотресот се случил во 00:30 по гриничко време, на длабочина од 57.6 километри.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com