HomeДЕНЕШНАСветЗемната површина во зоната на земјотресот во Италија се намалила за 70 центиметри

Земната површина во зоната на земјотресот во Италија се намалила за 70 центиметри

index

Површината на земјата во зоната на земјотресот со јачина од 6,5 во централна Италија на 30 октомври е намалена за 70 см, соопшти ТАСС. Експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија ги анализираат првите добиени слики од сателити. Тие покажуваат таков пад на земјата во областа на Кастелучо – гратче на врвот на еден рид во долина во областа Марке.

Претходно беше соопштено дека по претходните земјотреси од 24 август и 26 септември во централна Италија висината на Апенините е намалена во просек за 40 см. Земјотресот со јачина од 6,5 го погоди централниот дел на Италија во 07:40 часот на 30 октомври во реонот, засегнат веќе од истата катастрофа на 24 август и 26-ти октомври.

Потресите беа почувствувани и во Рим и други области на земјата. Разурнувања има во 200 населени места во областите Умбрија и Марке. Значително настраданиот од земјотресот на 24 август, градот Аматриче, практично е срамнет со земја. Десетици слаби земјотреси продолжуваат да ја тресат централна Италија, соопштија во меѓувреме Асошиејтед Прес.

Националниот геолошки институт соопшти денеска за десетици потреси во текот на ноќта, како и за релативно силен земјотрес со интензитет од 4,7 од утринава. Нема информации за нови сериозни разурнувања, иако сериозниот земјотресот бил почувствуван дури во Рим.

Во моментов италијанските власти се обидуваат да обезбедат засолниште за луѓето кои останале без дом по последниот земјотрес. Вработени од цивилна заштита информираа дека бројот на луѓето, за кои треба да се најдат домови, се зголеми на 15.000 од минатата недела. Тука не се вклучуваат 2.000 лица, кои беа принудени да се преселат по смртоносниот земјотрес во август.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com