Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЗемјотрес го погоди Крит

Земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтер го потресе синоќа во 23:30 часот по локално време грчкиот остров Крит, пренесе АП.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри под морското дно околу 60 километри југоисточно од градот Хераклион, соопшти Националниот институт за геодинамика.

Иако потресот бил почувствуван силно во источните делови на Крит, нема податоци за настрадани луѓе и материјални штети, објавија локалните медиуми.

Во рок од половина час следеа три последователни потреси со магнитуда 3.5.