Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗемјоделците во вторник со протест ќе си ги бараат ветените субвенции

Земјоделците во вторник со протест ќе си ги бараат ветените субвенции

Земјоделците не ги добија ветените субвенции. Револтирани – најавија протест во вторник. Земјоделците најавуваат блокада на неколку патни правци во земјава. Не отстапуваат од барањето за средба со министерот за финансии Кирил Миноски. Сезоната е во тек и земјоделците не можат да ја обработат почвата.

Исплатата на субвенциите е стопирана речиси седум месеци. Првично проблем беше Изборниот законик, па директорските смени во Платежната агенција, а сега блокадата е во Министерството за финансии.

СДСМ обвини дека се работи за манипулација со земјоделците и повика на итна деблокада на Собранието за да почнат институциите да функционираат нормално.