Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗемјоделските производи од поплавените подрачја не се откупуваат

Земјоделските производи од поплавените подрачја не се откупуваат

Директорот на Инспекторатот за земјоделство, Цветан Трифуновски, денеска изјави дека на земјоделските површини во поплавените подрачја најдена е мала количина земјоделски производи кои не се откупуваат.

Трифуновски информира дека се чекаат резултатите од мострите земени од земјоделските површини од поплавените подрачја, кои очекува многу скоро да бидат објавени.

– Инспекторатот формираше неколку тимови кои ги поминаа сите населени места зафатени со поплавите. Констатирана е мала количина земјоделски производи коишто се останати на тие површини. Земени се неколку мостри за испитување и се уште ги чекаме резултатите. Меѓутоа на разбирање и на жителите и на сите оние откупувачи кои откупуваат од овој регион, овие производи не се откупуваат за продажба, ниту за конзумација. Потенцирам, се работи за многу мала количина што не би можела сериозно да влијае на зелените пазари.