Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗемји со најсигурни банкарски системи

Земји со најсигурни банкарски системи

Еден од знаците за стабилност на банкарскиот систем е перцепцијата од корисниците. На оваа база од World Economic Forum прават рангирање на земјите со најбезбедните банкарски системи во светот. Рангирањето е изготвено на база одговор на прашањето “Колку безбеден според вас е банкарскиот систем во земјата?”.

Одговорот е оценка од 1 до 7. Интересен е фактот дека Велика Британија е рангирана на 89-то место од корисниците, а САД – едвај на 49-та позиција – по земји како Хондурас, Намибија и Перу.
banking1
11. Чешка
Довербата во банкарскиот сектор во Чешка е до некаде чудно ако се земе предвид тоа дека во него доминираат странски финансиски институции. Ова сепак очигледно не ги мачи корисниците.

10. Швајцарија
Иако влезе во Топ 10, банкарскиот сектор во земјата почнува да губи позиции. Швајцарската национална банка загуби 51 милијарди долари оваа година, по банкарската криза.

9. Словачка
Слично на Чешка, странските финансиски институции доминираат на пазарот во земјата со пазарен удел од 90%. Австриски и италијански банки се најголемите играчи во малата европска економија.

8. Израел
Во земјата немало голема банкарска криза од 1983 година. Тогаш владата интервенира. Државата се уште е голем акционер во повеќето од приватните банки.

7. Луксембург
Не е изненадувачки дека оваа мала држава е толку високо на листата. Таа е позната по доминацијата на финансискиот сектор во нејзината економија. Банката Banque et Caisse d’Épargne de l’État е рангирана на деветтата позиција во престижната листа за најдобри сигурни банки во светот.

6. Чиле
Банкарскиот сектор на Чиле е добар пример за позитивните ефекти од кризите. Економскиот колапс во земјата од 1982 година, кога економијата се намали за 13%, доведе до почеток на реинкарнација на банкарскиот сектор и воведување на нови закони во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

5. Норвешка
Пласирана на петтото место оваа скандинавска земја доживеа банкарска криза релативно наскоро – во 1991 година, во која две од четирите најголеми банки западнаа во колапс. Владата интервенираше и ги промени законите за да се стабилизира банкарскиот сектор.

4. Финска
Банкарскиот сектор во Финска пред се, се состои од задруги и штедилниците кои преземат малку ризик, затоа довербата во него толку високо.

3. Австралија
Четири банки во земјата доминираат во банкарскиот сектор, додека странските финансиски институции се строго регулирани, за да не внесува ризик во банкарскиот систем.

2. Нов Зеланд
Слично на Австралија, и тука мал број од пет банки доминираат на пазарот. Најдобрите изгледи за раст во услови на релативно слаба конкуренција водат до исклучително силна доверба во банкарскиот сектор во земјата.

1. Канада
Канадските банки одамна се прифатени како синоним на стабилнос. Во земјата имаше само две мини банкарски кризи во последните 100 години, немало ниту еден банкарски банкрот за време на Големата депресија од 30-тите години на минатиот век.