Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗеман побара од Путин да ги „ликвидира“ новинарите

Земан побара од Путин да ги „ликвидира“ новинарите

Чешкиот претседател Милош Земан се пошегува со својот руски колега Владимир Путин на нивниот состанок во Кина, кажувајќи му дека има премногу присутни новинари и дека треба да ги „ликвидира“. На што, рускиот претседател рекол дека “не би било доволно“ да се намали нивниот број.

Разговорот меѓу Земан и Путин е снимен преку микрофон и е објавен на социјалните мрежи. Од канцеларијата на чешкиот претседател е соопштено дека станува збор за шега. Чешкиот министер за надворешни работи Љубомир Заоралек рече дека воопшто не му се допаѓа нивниот разговор на неприкладна тема. Изјавата на Земан е „неприфатлива“ за министерот за култура Даниел Херман.

За некои дипломати во Европскиот парламент, инцидентот покажува дека Земан не заслужува да добие втор мандат на следните избори кои ќе се одржат следната година.

Извор: МАКФАКС