HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЦелосно изгоре куќа во Прилеп, изгореа и 430 бали со тутун

Целосно изгоре куќа во Прилеп, изгореа и 430 бали со тутун

47-годишен прилепчанец остана без својата куќа откако таа целосно изгоре во пожар. Пожарот избил околу 7.30 часот во Прилеп на ул. „Дабничка“.

Од пожарот куќата е целосно уништена како и покуќнината во неа, а на таванот имало околу 430 бали со тутун. Со полесни изгореници од огнот се здобил С.С.(18). Причините за појава на пожарот не се познати и дополнително ќе се истражуваат. Увид на лице место извршила екипа од полицијата во Прилеп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com