Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗЕЛС бара од Собранието да го продолжи мандатот на локалните власти

ЗЕЛС бара од Собранието да го продолжи мандатот на локалните власти

Неизвесни се платите на вработените во образованието, јавниот превоз ќе сопре, противпожарната исто, градежни дозволи нема да може да се издаваат а ниту да се вршат венчавки. ЗЕЛС предупредува дека ако не се продолжи мандатот на градоначалниците и советниците после 15 мај ќе ја блокираат работата на локалните самоуправи. Локалните власти немаат намера да работат незаконски, па поради тоа апелираат собранието да го измени изборниот законик.

Инаку Уставниот суд утре ќе ја разгледува можноста да се укинат дел од спорните членови во законите со што би се овозможило пролонгирање на изборите. Како што објави Телма од таму велат дека судија известител е поранешната претседателка Елена Гошева, но дека се поизвесно е дека судот нема да се впушта во носење на таква одлука. Сепак исходот ќе се знае утре откако деветтемина уставни судии ќе заседаваат.

И од СДСМ решението за излез од кризата го гледаат во Собранието. Според решението кое го имаат градоначалниците, а произлегува од изборниот законик нивниот и мандатот на советниците е до 14 мај. Сметаат дека менувањето на законот може да се реализира на иницијатива на група пратеници а да се исгласа со просто мнозинство. Во меѓувреме и дел од експертската јавност предупреди дека продолжувањето на мандатот би требало да биде работа на Собранието, не на Уставниот суд.