HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЖелезничка несреќа кај Велес, воз удрил во метален контејнер

Железничка несреќа кај Велес, воз удрил во метален контејнер

На 29.05.2016 година во 02:30 часот по полноќ на дел од пругата помеѓу  Велес и Чашка, поточно после излезниот сигнал од Велес кај надвозникот, патнички воз кој сообраќал на релација  Скопје – Битола наишол и удрил во метален контејнер кој бил поставен од страна на непознати лица  од десната страна на пругата во правец на движење на возот. Од ударот моторната гарнитура била оштетена и причинета е материјална штета. Повредени патници и возен персонал за среќа нема. Возот не застанал на местото на настанот туку го продолжил движењето кон Битола.

Од страна на екипа од полицијата била извршена кримтехничка обработка и се работи на целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com