Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион„Зелената мафија“ ги опустоши балканските шуми

„Зелената мафија“ ги опустоши балканските шуми

Најголем проблем со илегалното сечење на шумите во Европа имаат Романија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Последните децении на беда и сиромаштија на Балканот доведоа до формирање на зелена шумска мафија. Европската комисија врз основа на воздушни снимки утврди дека од 1992 до 2002 година шумските површини во земјите се намалени за околу 20.000 хектари.

Поради шумски кражби во 2008 година во БиХ биле поднесени над 1.000 кривични пријави. Четири години подоцна таа бројка е зголемена на над 2.500 казни.

Во Хрватска, исто така, постои голема конкуренција во бизнисот со диво сечење на шумите. Во ридско-планинските делови на Хрватска годишно се изнесуваат милијарда куни приходи. Половина од тоа доаѓа од илегално сечење на шумите.

Дрвокрадците во Романија често на шумската полиција фрла и бомби, при што еден шумар останал без стапало. Многу често шумската мафија се користи и со предизвикува шумски пожари во летните периоди за соголување на поголеми делови шума.

Во Србија најголем проблем претставува границата со Косово, така што шумите на диво се сечат од Албанци, но и од домашни лица. Диви пилани постојат на секој чекор, а дрвјата се товараат ноќе и со лажни документи патуваат во непознат правец.