HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗелената економија може да донесе огромен развој – потпишана Декларација во Скопје

Зелената економија може да донесе огромен развој – потпишана Декларација во Скопје

Работилницата која ја организираше Здружението за одржлив социо-eкономски развој Изгрејсонце-Скопје со помош на Зелената европска фондација и Европскиот парламент резултираше со потпишување на Декларација за Одржлива иднина преку зелена економија, со учество на новинари и невладини активисти од Србија и Бугарија, како и со преставници на зелените политички партии од овие земји.

zeleni16

Целта е Декларацијата да биде прифатена низ земјите од Југоисточна Европа кои може да бидат лидери во „зелените“ промени и да ја наметнат високо оваа агенда во реформите за домашните економии со цел да донесат побрз развој кој ќе биде одржлив, а истовремено ќе даде максимално искористување на ресурсите и можностите со тоа што ќе се заштити природната средина, ќе се внимава на еколошките стандарди и ќе се задржи квалитетот на живот на сите граѓани.

zeleni4

Борислав Сандов од политичката партија „Зелените“ од Бугарија посочи дека зелените партии особено од Балканот се како едно семејство, меѓу нив нема никакви проблеми од историјата и заеднички се борат за подобрување на животот на граѓаните.

Маја Морачанин од ДОМ ги посочи бенефитите на циркуларната економија која е надградба на зелената економија бидејќи дава најдобри резултати и нуди одржлив раст на долг рок.

Павел Антонов, уредникот на Блулинк, смета дека токму неправедното користење на ресурсите и нееднаквата распределба на богатството создава огромен социјален и економски јаз во светот, а последицата од нив како мигрантската криза директно влијае врз демократските процеси во Европа, каде особено на мета се балканските земји. Затоа е створена оваа платформа која ќе ги собере политичарите, активистите и новинарите за наоѓање на решенија и пренос на искуства.

Главните заложби на Декларацијата се да се обезбеди иднина за новите генерации, со избор на најдобрите политики од сите кои се залагаат за зелена и одржлива економија.

zeleni8

Автор: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com