Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Зелена лупа“ поднесе 18 претставки за судиите кои го ослободија Кочан

„Зелена лупа“ поднесе 18 претставки за судиите кои го ослободија Кочан

Нови 18 претставки за одговорност на судии до Советот за утврдување факти, меѓу кои и за судиите кои му овозможија на бизнисменот Сеад Кочан законска можност да излезе од притвор, поднесе здружението „Зелена лупа“, јавува ТВ 21.

Новите иницијативи се против судии од Основниот суд Скопје I- Скопје, Апелациониот суд и од Врховниот суд.

Иницијативите се поднесува за „несовесно работење со службата” и „злоупотреба на сл. должност и овластувања” поради суштествени повреди во текот на постапката во предметите по кои постапувале како судии. Меѓу нив се првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и судиите Фаик Арлсани, Џемали Саити, Ристо Катавеновски и Рахилка Стојковска, против судијката Билјана Коцевска од Кривичниот суд, потоа против судиите во Апелациониот суд, Зуица Наумова, Цветанка Периќ, Африм Фидани, Бахчовановска и Лидија Петровска, Милка Ангеловска-Васевска која досуди условна казна затвор за напаѓачите од Собранието, Џента Бектовиќ и Марина Станевски.

Инцијативи за утврдување одговорност на судии се поднесени и за претседателката на Апелациониот суд, Љиљана Шопова Ивановска, Татјана Дуковска, Зоран Димитриевски и Енвер Амзаи.