Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Зелена алтернатива“, „Канабис клуб“ и ЛДП бараат легализација на канабисот во медицински цели

„Зелена алтернатива“, „Канабис клуб“ и ЛДП бараат легализација на канабисот во медицински цели

Единствената дебата околу легализацијата на канабисот во медицински цели треба да се води во насока каков закон треба да се донесе во Македонија за регулирање на овој сегмент од здравствената заштита, сметаат граѓанските здруженија „Зелена алтернатива“ и „Канабис клуб“, како и младите на Либерално-демократската партија.

Според овие две граѓански здруженија и партијата ЛДП здравјето на граѓанинот секогаш мора да е на прво место и секоја друга полемика е излишна.

„Основното прашање сега е што треба да потврди и регулира законот за легализација на канабисот за медицински потреби? Се поевидентни се доказите и истражувањата во светски рамки за лековитите дејства на канабисот“, се вели во заедничкото соопштение.

Притоа се поздравува и подготвеноста на останатите политички партии и општествени чинители во Македонија да се отвори дебата за легална употреба на канабисот за медицински потреби со строго утврдени правни механизами.

Граѓанските здруженија ја информираат македонската јавност дека со оглед на тоа што септември е месец на конопот, наредните три викенди ќе бидат исполнети со различни настани како возење велосипед, коноп-фест и семинар со еминентни лекари и професори од странство, експерти на оваа тема.

„Воедно ги повикуваме сите граѓани кои се поддржувачи на легализацијата на канабисот за медицински цели да се приклучат на првиот од низата настани: „ВЕЛО- ТУРА“ во организација на „Канабис клуб“, кој ќе се одржи во недела во Градски Парк „на школка“ со почеток во 12:00 часот“, се вели во соопштението.

извор:Макфакс