Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗејн поради анксиозност откажа концерт во Дубаи

Зејн поради анксиозност откажа концерт во Дубаи

Пејачот Зејн Малик кој минатата година ги растажи обожавателите со одлуката да го напушти популарниот бенд „One direction“, го откажа концертот во Дубаи поради страв од самостоен настап. Концертот најавен за 7 октомври нема да биде одржан, потврдија организаторите на концертот на Зејн Малик во Дубаи. Секако на оние кои купиле карти парите ќе им бидат вратени.

„Последните три месеци работам на надминување на тежок период когасе во прашање самостојните концерти и чувствувам дека напредувам во врска со тоа“, објави 23-годишниот Малик на својата официјална страница. „Но, морав да си признаам самиот на себе дека се уште ја немам потребната самодоверба за да го одржам планираниот концерт во Дубаи. Исклучително ми е жал што ве разочарав“, напиша Зејн.

Малик во март 2015 година, после пет години концерти и турнеи, се одлучи да ја напушти групата „One direction“ објаснувајќи дека сака да води нормален живот, а тој негов потег предизвика голема хистерија кај бројни тинејџерки насекаде ширум светот.