Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗдравствен дом Скопје со дежурни служби за празниците

Здравствен дом Скопје со дежурни служби за празниците

Службите на Здравствен дом Скопје за претстојните празнични денови ќе обезбедат 24-часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит-пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари и Драчево.

Во сабота, како што информираат од Здравстевн дом, од 8 до 16 часот дежурна специјалистичка служба ќе има во поликлиника Букурешт. За време на празниците ќе има 24-часовна покриеност од Службата за итна медицинска помош, а редовно ќе работи и Службата за домашна посета.

Од Здравствен дом Скопје им препорачуваат на граѓаните што постеле да внимааат со внесувањето храна од животинско потекло, а на сите со консумација на алкохол, пред сè, од здравствени причини, како и поради безбедност во сообраќајот.