HomeДЕНЕШНАЕкономија„Здравје Радово“ со нова фабрика во Битола

„Здравје Радово“ со нова фабрика во Битола

Млекара „Здравје Радово“ ќе инвестира во нова фабрика во Битола, која ќе произведува ухт и свежо млеко со 3,2 и 0,5 проценти масленост. Овие производи во почетокот ќе бидат наменети за домашниот пазар.

Како што најави вчера извршниот директор на компанијата Панделе Панделески, четвртиот капацитет ќе работи со комплетно нова технологија и ќе ги исполни највисоките стандарди пропишани од Европската унија.

„Здравје“ од неодамна доби можност и за извоз на рускиот пазар, поради што пред крајот на годинава ќе бидат зголемени производните капацитети.

Компанијата, која во моментов произведува околу 60 различни производи, вчера го промовираше новиот јогурт „здравје плус“.

„Овој производ е наменет за сите оние кои внимаваат на себе и на своето здравје. За деновите кога виталноста значи се’, кога е потребна енергија плус, и кога хармонијата е движечка сила која носи здравје. Новиот функционален јогурт ’здравје плус’ го раздвижува дигестивниот систем, создавајќи рамнотежа во организмот на нашите консументи“ изјави Панделески.

„Здравје Радово“ ја отвори првата млекарница во 2002 година во село Радово, меѓу планините Огражден и Беласица, вториот погон стартуваше во 2004 година по преземањето на ЗИК „Куманово“, а третиот капацитет во Струмица е од 2011 година. Од почетните осум, бројот на вработени денес е над 340, додека почетниот капацитет на дневната обработка на млеко беше 2.500 литри, а денес е зголемен на над 100.000.(

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com