Thursday, Jul 27, 2017
HomeДЕНЕШНАЗДРАВЈЕ: Брз и ефикасен начин за прочистување на црниот дроб

ЗДРАВЈЕ: Брз и ефикасен начин за прочистување на црниот дроб

Црниот дроб како еден од најважните органи ги преработува сите токсини кои се внесуваат во организмот. Природната детоксикација е најдобар начин за одржување на неговата витална функција.

За соодветно да се прочисти овој орган треба да се пие барем два литра вода дневно, да се дише длабоко и да се биде опуштен. Потребно е три минути туширање со топла, а веднаш потоа 30-тина секунди со студена вода, бидејќи тоа го подобрува крвниот притисок и врши мала детоксикација.

Одличен начин за одржување на здрав црн дроб е секое утро да се пие топла вода со лимон, но без шеќер.

Додавањето малку лук при готвењето или во салата е добро бидејќи ги активира ензимите и природниот штит на црниот дроб.

Зелениот чај дополнително го чисти црниот дроб од токсини и го штити од замастување.

Јапонските научници откриле дека авокадото содржи соединенија кои го штитат црниот дроб од оштетување.

Магдоносот ги отстранува тешките метали, со што значително се олеснува работата на црниот дроб.

Куркумата е, исто така, добра за природна детоксикација, бидејќи таа не само што штити, туку и ја подобрува регенерацијата на клетките на црниот дроб.

Но, секако најефикасно ќе ја подобрите работата на овој орган ако внесувате алкохол во одговорни количини.