Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗдивен бик уби сточар во Лозово

Здивен бик уби сточар во Лозово

Бик прободе четириесет и шестгодишен жител на Дорфулија кај Лозово. Бизарната несреќа случила вчера околу 17 часот во атарот на селото. Како што соопшти полицијата, Ѓорѓи М. го напасувал своето стадо говеда кога бил нападнат од разјарен бик, кој со роговите му нанесол смртоносни повреди во пределот на стомакот и по целото тело. Несреќниот маж починал на самото место, соопшти МВР.