Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗбогум Аминта трети – Дали Шилегов ќе ги врати старите имиња на скопските улици?

Збогум Аминта трети – Дали Шилегов ќе ги врати старите имиња на скопските улици?

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во текот на наредните седници на Советот на Градот да започнат со постепено преименување на улиците. – Комисијата имаше состанок минатата недела и тоа е веќе процес што го поминавме, така што како фази веќе се поминати, а очекувам дека веќе во наредните седници на Советот на Градот ќе започнеме со постепено преименување на улиците. Создаден е списокот на улици, во добар дел оние имиња кои беа традиционални познати на Скопје ќе ги вратиме или моја желба е да ги вратиме старите имиња, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на булеварот „8 Септември“.

Таа комисија составена од советници на Советот на Градот, информира тој, ќе ги сублимира сите предлози кои се дадени од граѓаните и ќе се направи еден збирен список на улици, а потоа ќе се именуваат.

Претходната власт промени повеќе имиња на улици во главниот град, на пример Ленинова како главна улица на воените и ноќниот живот се преименува во Аминта трети. И покрај преименувањето во секојдневната комуникација граѓаните ги користат старите имиња на улиците, но од институционален аспект често се појавуваат проблеми со наоѓање на соодветната адреса, обврски за промена на лични документи и дополнителни препреки при честото менување на улиците во Скопје.