Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗаживеаа трансплантациите од починат донор

Заживеаа трансплантациите од починат донор

По големите заложби на повеќе граѓански здруженија, но и со воведување на правната регулатива се почесто се вршат кадаверечни трансплантации на органи со кои се спасуваат скапоцени човечки животи. Последните три операции се извршени на клиниката за нефрологија и тројца пациенти добија трансплантација на бубрег од лица со кличинка смрт по добивање на согласност од семејствата.

nikola-todorov1

Информациите ги пренесе министерот за здравство Никола Тодоров изјавувајќи дека со извршените трансплантации се продолжува животниот век на пациентот и се подобрува нивниот квалитет на живот.

cadavericna transplantacija

Здраствените власти и здруженијата на граѓани за борба со бубрежните заболувања се ангажирани за почесто користење на кадаверична трансплантација почитувајќи ги сите прописи за да им се олесни живот на околу 1500 заболени, но и да се воспостави пракса за сите потенцијални пациенти.