Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗаврши ужасот за мигрантите во центарот Гази Баба

Заврши ужасот за мигрантите во центарот Гази Баба

Нехуманиот центар за мигранти Гази Баба се затвора. Од Министерството за внатрешни работи кое е надлежно, за Телма, ја потврдуваат оваа информација. Велат дека ја забрзале постапката за добивање азил на заробените мигранти, откако обвинителството ги ослободило од сведочење во постапките за криумчарење каде беа сведоци.

Според неофицијални информации, 20 тина мигранти кои се уште се чуваат како сведоци се префрлени во Визбегово. Останатите се ослободени, откако потполниле документи за намера за барање азил.

Центарот за мигранти во Гази Баба во изминатиов период беше критикуван од многу хуманитарни организации и народниот правобранител поради нехуманите услови. Три до четири пати повеќе луѓе беа сместени од она што се неговите капацитети, хигената беше на нечовечко ниво, а шуга и други заразни болести се проширија низ него. Поради судењата луѓето предолго престојуваа таму, па дел од нив имаа трајни последици.

извор:Телма