Monday, Nov 20, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаврши расправата за законот за јазиците

Заврши расправата за законот за јазиците

Sobranie Собрание Панчо Минов закон за јаиците 13.11.2017

По само 13 минути дискусија по паузата за ручек претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата на Собранието на која се разгледуваше предлог-законот за употреба на јазиците. Тој констатира дека е исцрпена листата на пратениците што се пријавил за збор, па најави дека таа ќе продолжи утре во 12 часот.

Претходно во расправата реплицирајќи му на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, новиот пратеник Костадин Ацевски од СДСМ, кој влезе во собраниската фотелја на 8 ноември, „го пофали“ Данев за желбата за јавна расправа и консензус, велејќи дека тоа го немало додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ биле претставници на власта.

– Да не беше промената на власта, граѓаните немаше да бидат свесни за вашата желба и потреба за јавна расправа, консензус. Јас мислев дека за вас тоа беа мисловни именки или придавки. Да не поминевте во опозиција, граѓаните исто немаше да бидат свесни колку ги познавате Деловникот на Собранието и неговите одредби – рече Ацевски.

Веднаш откако ја прекина седницата за законот за јазиците, Џафери го почна шестото продолжение на 12-тата седница, на која прва точка е Предлог-закон за дополнување на Законот за исплата на платите, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Драган Данев и Невенка Стаменковска.