Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗаврши фолкорниот фестивал ,,Велес 2015"

Заврши фолкорниот фестивал ,,Велес 2015"

Синоќа во Младинскиот парк во Велес свечено беше затворено 12то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал,,Велес 2015”. Во текот на изминативе 5 дена публиката имаше можност да ужива во песните, ората, културата и традицијата на земјите учеснички на овој фестивал.Настапија вкупо  илјада фолклористи од кои 500 странски и 500 домашни од  11 странски ансамбли и културно уметнички друштва. Претсавници на македонскиот фолклор беа осум културно-уметнички друштва, а три  од нив беа од градот-домаќин. На последната фестивалска вечер настапија фолклористите од: ФА „Хатегна“ од Романија, ФА „Бига“ од Турција,ХКД „Градишче“ од Унгарија, „Тина Данцестудио“ од Естонија,ФА „Валуриле Дунарии“ од Романија,ФА „Лени“ од Полска,„Неврокопски ансамбл за народни песни и ора“ од Бугарија, ГАНИП „Пожаревац“ од Србија и КУД „Коле Неделковски“ од Велес.

Фолклорниот фестивал ,,Велес 2015” се одржа во склоп на манифестацијата ,,Велес-град на културата 2015”