Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗаврши ерата на БРИКС – Пропадна инвестицискиот фонд

Заврши ерата на БРИКС – Пропадна инвестицискиот фонд

Финансиската институција Голдман Сакс која го создаде инвестицискиот фонд за групацијата на земји во развој БРИКС по речиси 15 години ги прекинува економските активности. Аналитичарот Џим О`Нил кој го создаде акронимот сега вели дека ерата на БРИКС е завршена бидејќи меѓусебните односи на овие земји се нарушени, а најголема вина има Кина која стои зад дури 700 трговски проблеми и забрани.

Голдман Сакс низ годините инвестираше милијарди долари и менаџерите беа навистина ангажирани во економскиот развој на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка но, нивните економии се во пад. Најмногу доминираа иневстициите во Кина која е заслужна за 50% од учеството во БРИКС, но бизнисот меѓу нив е далеку под очекуваното.

BRAZIL-BRICS-FAMILY PHOTOGRAPH

Замена за инвестицискиот фонд на Голдман Сакс е новата БРИКС Банка која ќе ја раководи индиец, а седиштето и е во Шангај, но нивниот потенцијал е далеку послаб и одлуките за инвестиции во голема мера ги контролираат кинеските банки.

Затоа сега финансиските аналитичари смислуваат нови акроними за економски и политички сојузи, па можеби МАГБС )Македонија, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, ќе биде следната атракција. Шала на страна можеби Балканот е следната атракција за инвеститорите, ако постои доволно политичка волја и анганжман.