HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗаврши увидот на опожарените возила – МВР не соопштува детали

Заврши увидот на опожарените возила – МВР не соопштува детали

mvr

Увидот на двете опожарени возила заврши пладнево, но МВР се уште не соопштува детали за експлозијата на паркингот во Ново лисиче. Во неа нема повредени, но е нанесена значајна штета на две приватни возила- „Гранд чероки“ и „Фиат уно“ двете со скопски регистерски таблички. Од Министерството велат дека истрагата допрва треба да ги покаже мотивите и начинот на кој биле опожарени воизлата.

„Увидот беше извршен дури 12 часа по настанот бидејќи секогаш кога имаме опожарен објект чекаме да се олади местото и да се создадат услови за увид. За сега не можеме да соопштиме повеќе детали бидејќи е во тек истрагата која ќе покаже кои се мотивите и дали станува збор за експлозивна направа или не“ – велат од МВР.

Сопственикот на едното опожарено возило „Гранд чероки“, кој воедно е и сопственик на сендвичарите „Вили“ за Позитив.мк вели дека бил дома кога ја слушнал експлозијата и веднаш реагирал.

„Јас бев дома, ја слушнав експлозијата и веднаш истрчав. Го видов моето опожарено возило и ја повикав полицијата. Се сомневам дека зад ова стои групата луѓе кои веќе подолго време ми се закануваат“ – рече тој.

Меѓутоа жителите на околните згради зачудено гледаа во опожарените возила додека траеше увидот. Тие велат дека во текот на ноќта не забележале ништо.

„Немаше ништо. Јас не слушнав никаква експлозија, а живеам на стотина метри од местото на настанот. Оваа населба важи за една од побезбедните. Вакво нешто немало до сега“ – вели еден од минувачите.

Единствената информација која МВР ја соопшти во дневниот билтен е дека настанот се случил половина час по полноќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com