HomeДЕНЕШНАСветЗавршено сослушувањето на Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон

Завршено сослушувањето на Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон

ekvador-ispitivanje

Никаква одлука околу кривичното гонење на Џулијан Асанж не беше соопштено после дводневното сослушување кое беше спроведено во присуство на обвинител од Еквадор и шведската обвинителка Ингрид Исгред, задолжени за истрагата. Во Амбасадата на Еквадор во Лондон беше завршено сослошувањето на основачот на Виликилс Џулијан Асанж по обвинение за силување во Шведска во 2012 година.

Тоа е прво сослушување на основачот на Викиликс кој доби прилика на праводусните органи да им ја изнесе својата верзија од приказната. Шведските функционери бараат информации во врска со обвиненијата за сериозно сексуално злоставување над две Швеѓанќи кои Асанж ги сретнал во 2010 година.

За сега не се знае дали Асанж прифатил да му биде земен примерок од ДНК за споредување, како што шведското обвинителство најави од порано. Резултатите од сослушувањето од амбасадата во Еквадор ќе ги досават на обвинителството во Шведска кое ќе одлучи за следните чекори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com