HomeАНТИСТРЕСЗаводливата Хајди се најде на насловната страница на магазинот „Shape“

Заводливата Хајди се најде на насловната страница на магазинот „Shape“

hajdi-klum-f2

Германскиот супермодел, продуцент и водител на емисијата „Project Runway“- легендарната Хајди Клум, ја краси насловната страница на новиот број на магазинот „Shape“, на која јасно се гледа дека Клум е и понатаму во завидна физичка форма. Хајди веќе 23 години работи како модел, а доколку судиме според декемвриската насловна страница на фитнес магазинот, нејзиното време се уште не е поминато.

„Имам 43 години, а со оваа работа се занимавам 23 години. Моето тело е променето, родив четири деца, ги доев, мојот стомак четири пати се растегаше и се враќаше во првобитната положба“, истакнува Клум. Сепак, додаде дека промените треба да бидат прифатени, како што тоа го направила таа.

„Митот дека манекенките не јадат не е точен. Ние само мораме помудро да бираме што внесуваме бидејќи се занимаваме со оваа работа. Го сакам своето тело бидејќи е мое, немам друго“, додаде манекенката.

hajdi-klum-f1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com