Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗавод за статистика: Паѓа прометот во индустријата на домашниот пазар

Завод за статистика: Паѓа прометот во индустријата на домашниот пазар

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни во однос на истиот месец лани бележи опаѓање од 8,7 проценти, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи зголемување од 6,9 проценти покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни 2016 во однос на јуни 2015 година, бележи опаѓање од 8,7 отсто, а индексот на прометот остварен на странските пазари има пораст од 6,9 отсто.

Споредено по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, е на исто ниво, а во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај капитални производи за 21,5% и трајни производи за широка потрошувачка за 11,5%, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,8% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8%.