Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗатворските посети ќе се закажуваат телефонски

Затворските посети ќе се закажуваат телефонски

Граѓаните ќе можат да закажат посета во затвор телефонски, информираат од скопскиот Основен суд. Потребно е да се остават личните податоци и податоците за лицето кое сакаат да го посетат, а доколку ги исполнуваат условите за посета, судскиот службеник ќе ги контактира за точниот ден и времето кога може да ја рализираат посетата.

Затворот ќе биде мрежно поврзан со судот и ќе добива соодветна евиденција за тоа кој граѓани, конкретниот ден, има дозвола за посета, додека пак затворот ќе испраќа повратна евиденција за тоа колку од посетите биле реализирани.

Телефонското закажување на посетите во скопскиот затвор е еден од проектите кој се реализира по иницијатива и со сопствени средства на Основниот суд Скопје. Бројот на кој граѓаните можат да закажат посета е 02/3115706.