Затворските чувари се под постојан притисок
Факултетот за безбедност спроведе големо истражување за положбата на чуварите во македонските затвори за кои се открива дека се под постојан стрес, како и под притисок и закана од насилство. Покрај ниското чуство на безбедност, чуварите се незадоволни од платеноста и ценењето на нивниот вложен труд што ги спречува поефикасно и професионално да ја вршат својата работа.
Истражувањето го презентираа професорите Драган Батиќ, Оливер Бачановиќ и Љупчо Арнаудовски. Според нив чуварите се клучни во градење на однос со затворениците во нивната ресоцијализација. Чуварите ретко пријавуваат случаи на насилство бидејќи се прикриваат инцидентите за да се зачува авторитетот. Најнезадоволни се од платата, додека пак голем дел од нив позитивно го оцениле односот со затворениците.