Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗатворски казни за објавување на „Бомбите“ – Предложен нов закон

Затворски казни за објавување на „Бомбите“ – Предложен нов закон

Владеачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија донесе предлог за нов закон со кој се забранува објавување на разговорите од нелегалното прислушкување и предвидена е затворска казна од 4 години за одговорните лица во медиумите.

sobranie

Се забранува објава на разговорите и на интернет порталите и социјалните мрежи, како и во странство, а медиумите кои веќе објавиле треба да ги избришат статиите и повеќе не смеат да ги реобјавуваат. Доколку дојде до тешки последици по здравјето на личностите кои се дел од разговорите казната ќе се искачи на 10 години со што во Македонија ќе се спроведе една од најтешките форми на цензура. Новинарите кои поседуваат прислушкувани материјали треба веднаш да ги предадат до Специјалното јавно обвинителство.

Од СДСМ веднаш реагираа против предлог законот кој ќе се носи во скратена постапка, а посочија дека власта помогната од ДУИ навистина се плаши од содржината на разговорите. Од власта пак потенцираа дека СДСМ за време на преговорите во присуство на странските олеснувачи го прифатиле овој предлог.