Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗатворската полиција нема еднакви права со колегите, тврди Независниот синдикат на полицијата

Затворската полиција нема еднакви права со колегите, тврди Независниот синдикат на полицијата

Независниот синдикат на полицијата побара од Министерството за правда и од затворските управи итни реформи со кои Затворската полиција и администрација ќе добие еднаков третман со другите вработени во МВР, јавува „Макфакс“.

На прес-конференција пред Министерството за правда претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев, рече дека со измените на Законот за извршување санкции, кој од страна на НСП е сопрен пред Уставниот суд, припадниците на Затворската полиција „се ставени во понепривилегирана положба во однос на другите овластени службени лица“ и побара новиот министер за правда веднаш да помогне оваа неправедна состојба да се промени.

– Со дел од законските измени се отстапува од принципот на еднаквост и е создадена правна несигурност, а се повредува и начелото на владеење на правото – рече претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев.

Независниот синидикат на полицијата најави дека ќе инсистира Затворската полиција и администрација да добие додатоци за посебни услови за работа и за овластени службени лица, потоа да им се овозможи заминување во пензија со вкупен стаж од 40 години (сега вработените во Затворската полиција одат во пензија со навршени 57 години), зголемување на отпремнината при одење во пензија, регулирање на статусот на вработените во Стопанските единици, како и враќање на бенифицираниот стаж.

Истовремено НСП бара и целосна примена на ратификувана Конвенција за работни односи во јавните служби, усвоена на Генералната конференција на Меѓународната организација на трудот од 1978 година во македонските затвори.