HomeДЕНЕШНАРегионЗатворска казна од 25 години му се заканува на косовски хакер обвинет за соработка со ИД

Затворска казна од 25 години му се заканува на косовски хакер обвинет за соработка со ИД

Хакер, кој наводен е поврзан со групата Исламска држава (ИД) и е обвинет дека на терористите им ги испорачал личните податоци на повеќе од 1.300 американски државни и воени службеници, може да добие казна и до 25 години затвор.

На дваесетгодишниот Ардит Феризи, роден во Косово, кој беше уапсен минатата година во Малезија, денеска му се суди во Федералниот суд во градот Александрија во Вирџинија. Обвинението кон него кое е истовремено и за хакерство и за тероризам, е првиот ваков случај во САД.

Феризи е обвинет дека хакирал приватна компанија и незаконски се стекнал со имиња, електронски адреси, шифри за пристап и телефонски броеви на повеќе од 1.300 лица. Исламската држава ги објави имињата и се закани со напади врз овие лица.

Обвинителите бараат максимална казна од 25 години затвор.

Одбраната на Феризи тврди дека нивниот клиент немал намера никому да наштети и инсистираат на шестгодишна затворска казна.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com