Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗатворениците најавија штрајк

Затворениците најавија штрајк

Затворениците најавија штрајк. Тие ќе штрајкуваат во самите затвори, а нивните семејства ќе постават шатори, каде ќе се стационираат се додека не бидат исполнети нивните барања.

Според организаторите кои го најавија настанот, штрајкот ќе одвива од 14 до 18 часот. Причината за нивната револтираност е, како што велат, помилувањето на педофили, силувачи и убијци од претседателот Иванов, додека в затвор се уште лежат невини луѓе или такви кои не направиле кривични дела. Штрајкот е и поради нечовечките услови во затворите, а бараат и донесување Закон за амнестија по итна постапка.