HomeДЕНЕШНАРепубликаЗатворениот базен во Крива Паланка „пропадна во вода“

Затворениот базен во Крива Паланка „пропадна во вода“

sala-kriva-palanka-1-696x392

Иако уште пред повеќе од седум месеци од градоначалникот на Крива Паланка и Владата беше најавено дека спортската сала во ќе биде преадаптирана во затворен базен, сликата од теренот покажува дека таму се уште не се започнати ниту почетните градежни активности – пренесува Макфакс.

„Мојата иницијатива е од пред една година, горд сум што Крива Паланка ќе добие ваков, повеќе од потребен спортски објект. Ние како општина веќе направивме спортска сала, поради што сметавме дека постојната сала која е недоизградена да биде пренаменета во базен. Ова ќе биде полн погодок за мојот град“, изјави во март годинава градоначалникот Алексовски.
sala-kriva-palanka-21-670x377
Но, фотографиите покажуваат дека или сé уште се работи на документацијата или ветувањето е дадено за одредени политички цели. Со оглед на тоа дека досега сите информации во врска со проектите во Крива Паланка се објавени на веб страницата на општината, во овој случај не може да се најде никаква информација. Ист е случајот и со веб страницата на Агенцијата за млади и спорт .
sala-kriva-palanka-31-670x377
Дел од граѓаните кои почесто го користат патот кој е покрај спортската сала велат дека ова место е претворено во наркоманско дувло каде во доцните часови се собираат дел од младите и тука конзумираат лесни опојни дроги и алкохол. Салата воопшто не се оддржува од никого, велат загрижените граѓани. Градбата на спортската сала, која сега е само карабина-конструкција, почна во 2000 година и после 15 години е во сé полоша состојба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com