Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЗатвореник нападнал чувар со нож во затворот Идризово

Затвореник нападнал чувар со нож во затворот Идризово

Вчеравечер, половина час пред полноќ, чувар од затворот Идризово бил нападнат од затвореник. Како што информираше МВР, во 23:30 часот, С.В. пријавил дека во КПУ „Идризово“ чуварот Г.Ф. бил нападнат со нож од осудено лице Р.С. при што се здобил со повреда на десното рамо и расекотина на десната рака-палец, по што истиот бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје за санирање на повредите, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.