Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗатворена нелегална коцкарница која никнала во Шуто Оризари

Затворена нелегална коцкарница која никнала во Шуто Оризари

Полицијата откри нелегална коцкарница со поставени 14 автомати за игри на среќа во обејкт во населбата Шуто Оризари, а сопственикот Б.М (64) за тоа немал дозвола од Министерството за финансии, ниту пак лиценца. Против него е поднесена кривична пријава за приредување на игри на среќа без лиценца. Трендот на никнување на нелегални коцкарници низ повеќе градови во Македонија продолжува и покрај силните акции на МВР при што во повеќе наврати имаше откриено десетина диви објекти.