Wednesday, Apr 24, 2024
HomeUncategorizedЗатворена мензата во штипска фабрика, 23 работници се затруле

Затворена мензата во штипска фабрика, 23 работници се затруле

Од фабрика во Штип вчера попладне 23 работници биле пренесени во болницата во градот кога кај нив се појавиле знаци на труење. По укажаната помош, биле испратени на домашно лекување, само еден работник бил задржан за понатамошна опсервација. Веднаш по труењето, на терен излегле инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната што се носела во канистри. Државниот санитарен и здравствен инспекторат зеде брисеви и мостри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата“, изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.

Од ДСЗИ велат дека нема да коментираат која е причината за труењето сè додека не се завршат сите испитувања.