Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗатворен кампот на родители на деца со посебни потреби, на ред се политичарите

Затворен кампот на родители на деца со посебни потреби, на ред се политичарите

Родителите на децата со посебни потреби денеска ги пакуваат шаторите откако според планираното останаа две вечери да кампуваат спроти Собранието со цел да станат видливи нивните проблеми за политичарите. Политичари ги посетија, им изразија поддршка, а дел од нив им ветија дека нивните барања ќе бидат исполнети.

Станува збор за два пакета барања за измени во законите, првиот е за измени кои е неопходно да се донесат во првите 6 месеци, додека другиот пакет измени е да се носи во следните три години. Министерот за труд и социјална политика пред медиумите изјави дека барањата за министерството се прифатливи, но немаше одговор зошто до сега тие не се спроведени.

Демонстрантите собираат и 10 илјади потписи за да иницираат измени на закони со цел да се отворат дневни центри и да се вработи соодветен персонал.

Собирот е организиран од невладината организација„ Сплотени срца“ и оттаму најавуваат дека секој месец по три дена ќе кампуваат пред Собранието се до ипослнување на нивните барања.

Извор: alsatm.mk